Дома Подкасти Мотори + Баскет + Пиво
Мотори + Баскет + Пиво

Мотори + Баскет + Пиво

Дарко и Ниџо 32 Епизоди сеп 1, 2026

Ова е подкаст за мотоспортови, со фокус на MotoGP и WSBK. Водителите Дарко и Ниџо сакаат по секоја трка да го споделат своето видување и да пренесат новости од светот на мотоциклизмот. Ако добијат позитивни или негативни реакции, ќе се обидат да го одржат форматот редовно. Покрај мотоспортот, во насловот се спомнуваат и баскет и пиво, што навестува опуштен разговорен тон.

Епизоди

Маркез си поигра со конкуренцијата во Арагон - MotoGP Aragon
Маркез си поигра со конкуренцијата во Арагон - MotoGP Aragon сеп 1, 2026 01:09:02 Марк не дозволи ниту за момент да се понадевавме во поинаков исход во Арагон. Марко ни даде надеж со одличната пол позиција по што и поведе, па Мартин нападна накратко, но тука заврши играта. Единствено уште Акоста ни донесе возбуда со храбриот напад на Безеки и успеа до го победи….остатокот од светот. Ќе биде интересна следната сезона, но претходно да го испратиме веројатно наинтересното финале в
Catalunya MotoGP: Сè, само трка не!
Catalunya MotoGP: Сè, само трка не! мај 18, 2026 01:09:35 Отсуството на повредениот Марк ја разгоре борбата за титула, а мазниот асфалт и редуцираниот избор на пневматици во комбинација со невообичаено ниските темпратури, направија од трката реално шоу на ниво на дистопиоскиот серијал Hunter Games! ДиЏија успеа да победи со една и пол рака иако пред само половина час му помина животот пред очи како што прелетуваше предното тркало со вилушките откорнати о
Повторно Маркез, Алекс! - Jerez MotoGP
Повторно Маркез, Алекс! - Jerez MotoGP апр 27, 2026 00:51:23 Победничкиот низ на Безеки го прекина Маркез, ама Алекс наместо Марк. Марк втора година по ред паѓа во главна трка. Затоа пак Марк победи, на маестрален начин, во супер интересниот спринт! Дукати го заокружи подиумот со одличиниот ДиЏија, но најсреќен беше Безеки кој заврши како втор зад неверојатниот Алекс Маркез на кој и нему не му се веруваше како извозе како во транс. Дукати не се предава и де
Безеки и Априлија недопирливи! Brasil & COTA MotoGP
Безеки и Априлија недопирливи! Brasil & COTA MotoGP мар 30, 2026 01:08:35 Додека се сушеше цементот на патеката на бразилското сонце, Безеки одјава во далечината со втората победа во сезоната, а ја потврди доминацијата со третата сезонска победа по ред и петта по ред од 2025та наваму. Априлија е на врвот на табелата и заради воскреснатиот Мартин кој полека се враќа на врвот и засега му чува грб на Без. Марк со уште нови повреди заминува на пауза, а браните на Дукати, до
MotoGP Thailand: БЕЗобразно брз
MotoGP Thailand: БЕЗобразно брз мар 3, 2026 01:03:13 Новата сезона започна со бум! И тоа неколку, не еден! (за жал и на Блискиот Исток...) Априлија го дотера RSGP26 до совршенство и сега мотивираниот Марко се истакнува како најголем кандидат за титулата! Дукати го прекина неверојатниот низ од 88 трки на подиум. Во топ 5 се наоѓаат 4 Априлии! КТМ, односно Акоста води во генералниот пласман, а Јамаха е убедливо најспора! ОК, не беше баш толку едностав
Затвораме MotoGP сезона 2025
Затвораме MotoGP сезона 2025 ное 18, 2025 01:07:25 Сезоната 2025 заврши во недела вечер во Валенсија а веќе во вторник започна новата, 2026. Ние се обидувме да направиме пресек но и да бидеме доволно храбри и оптимисти за да прогнозираме за следната година! Следете не на Инстаграм: https://www.instagram.com/motori_pivo/
Кој може да го победи Марк?
Кој може да го победи Марк? авг 18, 2025 01:00:58 Дали викендот во Австрија конечно ги најави вистинските ривали на Марк? Фермин Алдигер и Марко Безеки покажаа дека нивните резултати може да бидат поконстантни, а и Педро Акоста конечно зачекори во вистински правец. Секако, ова прашање се однесува за следната сезона. Оваа, Марк може да си ја изгуби само сам. Дефинитивно никој не може да го победи!
Dutch GP - Марк повторно недопирлив
Dutch GP - Марк повторно недопирлив јун 30, 2025 00:55:56 И покрај двата пада во петок, Марк успеа два пати да се искачи на највисокот место на подиумот во Холандија. Ниту неговиот брат, Алекс, нити Марко Безеки можеа да му ги пореметат плановите, иако беа екстремно блиску.
Mugello is back, ама со Шпанци на тронот
Mugello is back, ама со Шпанци на тронот јун 24, 2025 00:52:26 Духот и шармот, да не речеме лудоста на Муџело се врати. Ама домашните не можеа да се радуваат со полно срце за победниците. Шпанци на врвот во сите три класи. Честа ја одбрани Фабио Диџантонио освојувајќи го третото место на глaвната трка. Марк и понатаму само докажува дека е Марк, и никој не му е достоен за споредба.
Игри на среќа #BritishGP
Игри на среќа #BritishGP мај 26, 2025 01:04:40 Порака до Мартин: моторот е победнички! Срцепарателна трка за Квартараро по неверојатната пол позиција и водство од скоро 5 секунди. Пеко во се подлабока дупка со уште еден пад. Марк сѐ по несигурен на GP25 кој е сѐ само не предвидлив, но со солиден збор на бодови. И Алекс како и Марк со втора шанса на рестарт. Безеки ѕвезда на денот за спас на честа на Априлија. Мартин е на потег!?
Експлозија од емоции! #FrenchGP
Експлозија од емоции! #FrenchGP мај 12, 2025 00:52:50 Додека на еден Французин му се темнеше на другиот му се разведри. Зарко со уште едно легендарно салто наназад прослави уште една победа. Победа како ниедна до сега. Публиката во делириум славеше прва победа на домашен возач во кралската класа по дури 71 година! Марк мудро до втората позиција пред младиот Алдегер. Без бодови главните конкуренти Пеко и Алекс. Фабио не го издржа притисокот на домашна
MotoGP Jerez - епизодата за притисокот
MotoGP Jerez - епизодата за притисокот апр 28, 2025 00:41:38 Епизодата кога повторни сите работи беа под влијание на различни притисоци. Alex Marquez победи, ама Fabio Quartararo беше возач на викендот.

Препорачано