
Радио Валандово е локална радиостаница од Валандово која емитува програма од 1 мај 1963 година. На 91,6 MHz емитува сопствена музичко-говорна програма со македонска музика, вести и локални содржини, а вториот канал Valandovo Star е посветен на современи хит-содржини.