
Урбан ФМ е радио станица од Скопје која емитува програма 24 часа на ден, од кои 14 часа во живо со водители на македонски јазик. Специјализирана е за промоција на новоизлезена македонска забавна музика, а покрај музиката емитува редовно вести, говорни емисии од информативно-забавен карактер и промовира настани од културата.