Радио 5ФМ е терестријално радио од Велес, кое емитува програма од 20.02.2001 година на фреквенција 107.1 MHz. Форматирано е како говорно-музичко радио со претежно забавен општ формат (Adult Contemporary Hit Radio). Покрај Велес, сигналот стигнува и до Свети Николе, Лозово, Градско, Чашка, Богомила и делови од Скопје.