Радио МОФ е непрофитен младински мултимедијален интернет медиум и радио, основан во 2011 година во рамки на Младинскиот образовен форум (МОФ). Продуцира музички и информативни содржини со фокус на образованието, културата, науката и младинските политики, а емитува онлајн 24 часа. Целна публика се младите луѓе и граѓаните заинтересирани за статусот на младите во општеството.