
Винк Радио е мултиканален интернет стриминг медиум од Скопје, Северна Македонија, кој емитува програма од 2017 година. Станицата е специјализирана за балканска забавна, народна и евергрин музика, со фокус на ретро музиката и најновата балканска музика. Емитува емисии во живо со забавен, едукативен, информативен, љубовен и хумористичен карактер.
